← Урбан Речник МК

Ифрит

1 дефиниција

Во битолскиот говор зборот ифрит се користи за човек што е многу налутен, бесен или во лошо расположение. Кога некој ќе рече дека некој е „ифрит“, обично мисли дека е нервозен, раздразнет и подобро е да не се гиба. Битолско објаснување: Кога битолчанец ќе рече „абе остај го, ифрит е“, то значи дека човекот е толку налутен што најдобро е да му се дај малку мир. Значење : Налутен, бесен, лут човек. Потекло: Зборот доаѓа од турскиот збор ifrit, кој пак има потекло од ориенталната митологија и означувал силен, страшен дух. Во народниот говор со текот на времето добил значење за човек што е многу лут.

'Не го гибај, денес е ифрит.' 'Ифрит се стори' – многу се налути, побесне од лутина.