Сленг за опијати / "даунери" (пр: трамадол), често стекнати на илегален начин. Најчесто користен во западната страна на Скопје.
Изедов еден иљач.
3 дефиниции
Сленг за опијати / "даунери" (пр: трамадол), често стекнати на илегален начин. Најчесто користен во западната страна на Скопје.
Изедов еден иљач.
Иљач значи лек, помош или спас, нешто што те крева кога ти е тешко, било физички или душевно. Потекло: Зборот доаѓа од турскиот „ilaç“, што значи лек или медикамент. Во македонскиот народен говор, особено во Битола и Пелагонија, се користи формата „Иљач“, како дел од локалниот изговор. Во битолскиот говор, иљач не е само апче или сируп. Тоа може да биде кафе, муабет, прошетка по Широк Сокак или човек што ќе ти рече „Ај бе, ќе помини“. Битолска мудрост: Во Битола, иљач не се купува, се наоѓа. Во луѓе, во збор, во душа. „Синко, аптека има на секој чекор… ама иљач се наоѓа кај луѓето што те разбираат.“
„Едно кафе на корзо ми беше иљач.“ „Муабетот со неа ми беше најголем иљач.“
Лек или апчиња.
Подај ми го иљачот и една чаша вода.