Јанѕа е она тивко, упорно чувство што те стега одвнатре, без да знаеш точно зошто. Не е баш страв, не е ни чиста грижа, туку нешто помеѓу немир и тежина. Како да те гризи нешто. Состојба кога мислите не ти даваат мир, а срцето ти кажува дека „нешто не е како што треба“. Во битолски контекст, јанѕа често доаѓа без најава, од муабет, од тишина, од нешто што не си го кажал, а те мачи. И не е секогаш за објаснување, туку за чувствување.
"Цел ден ме јај некоја јанѕа, тамам како да ќе се случи нешто…“ Во Битола, кога ќе речиш „јанѕа“, сите знаат , не ти е тамам на душата. Збор што не се преведва лесно, ама се препознава од прва.