Битолски збор за мерак, за уживање, расположение и душевно задоволство. ЌЕИФ е збор што потекнува од турскиот keyif, а во турскиот дошол од арапскиот збор kayf (كيف), што значи состојба, расположение, чувство или начин на кој некој се чувствува. Во битолски дух: „Не е кафе ако не е со ќеиф и со добар муабет.“ Во Битола не се живее набрзина. Сѐ се прави со ќеиф, од утринското кафе до вечерната прошетка по Широк Сокак.
„Ајде на кафе на Широк Сокак, да си напрајме ќеиф на душата со убав муабет.“