1. Кул, во тренд, модерно. (често и како извик) 2. Фрла шема - се пушта, додворува. 3. Прави шема - најчесто, прави дружење, собиранка или настан, обично лабаво, но може да биде многу пошироко.
- Имаш милениче некакво бе? - Да бе змија чувам - Шема - Многу ти се шема патиките - Кога стана шема овај кафичо? - Дај да ги маниме пивата и ќе ојме да му фрлиме шема на оние чупињата - Ај да ојме Претор викендо да прајме некоја шема - Кај ќе седите за на факс Скопје од октомври бе? - Не знам. Уште рано е. Ќе се договориме, ќе напрајме некоја шема од август-септември таму