Значење: Ред, уредност, начин, фино средена работа. Толкување: Во Битола ако некој има „тертип“, тоа значи дека има ред во животот, дома и во глава Сè е под конец, а ако нема, барем така изгледа пред гости! Жените го користат кога сакаат да пофалат нечиј ред, а мажите , кога сакаат да звучат како да имаат ред, иако на масата има три чаши кафе и две пепелници. Потекло: Доаѓа од турскиот збор tertib, што значи ред, систем, распоред. Во битолскиот говор останал како симбол на уредност со стил.
Пример: „Кај него сè е под тертип, ни прашинка нема!“ Пример од животот: – „А бе гледај ја, се под тертип — и коса, и маса, и кујна!“ – „Е па битолчанка, шо очеквиш!“