← Урбан Речник МК

Тутурутка

2 дефиниции

Има две значења, си ги користиме зависно за што зборуваме, едниот најчесто е да кажеме на некој во ,,поблагаʼʼ форма дека е глуп, смотан или трапав или може да биде валчеста картонска или пластична футрола во која се става диплома, сведителство или сертификат.

Еј ама си тутурутка, што не гледаш каде одиш! Утре ќе си ги земеме тутурутките од факултет.

Хартиен конус за сончоглед што обично се продава на фудбалски натпревари.

Дај наполни ми две тутурутки.